Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на денешната прес конференција рече дека полицијата трага по поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.
Според Чулев, откако е добиена судска наредба од Основен суд Велес за негово приведување, полицајци од ПС Центар три пати го барале Панчевски на домашната адреса, но не го нашле.
-Распишана е потерница по Владимир Панчевски. Во моментов МВР врши оперативни проверки дали Панчевски легално ја напуштил земјава, рече Чулев.
По судијата е распишана потерница, а судот му одреди притвор откако девет месеци не се појавил на судењето за случајот АКМИС и местењето предмети кај подобни судии во време кога бил претседател на Кривичниот суд.