Напаѓачот на Реал, српскиот фудбалски интеранционалец Лука Јовиќ, имаше трет негативен тест за коронавирус, пренесува „АС”.
Според прописите на Ла Лига, тоа значи дека српскиот напаѓач може да се најде во групата на играчи на кои ќе смета тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан за претстојниот натпревар в четврток со Виљареал. Тоа ќе биде прва меч-топка за Реал и доколку победи и теоретски ќе ја обезбдеби 34. шампионска титула.
Денес Јовиќ ќе се приклучи на соиграчите на тренингот. Досега новиот играч во редовите на лидерот Реал Мадрид има постигнато два гола и две асистенции за 770 минути поминати на теренот распоредени во над 25 натпревари.