Државниот советник на Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев – Зоран Ѓорѓевски -Чикаш го нападна Началникот на единицата за безбедност на сообраќај во Тетово, сведочат лица кои се нашле на лице место.
Од видеата кои беа испратени во нашата редакција може да се види агресивното однесување на советникот на министерот Чулев, а само поради интервенцијата на уште неколку униформирани лица, не дојде до посериозен инцидент.