Во Србија во последното деноноќие регистрирани се уште 351 нови случаи на коронавирус, а починаа 11 лица.
На респиратор се 169 луѓе.
Претходно денеска, Кризниот штаб во Србија донесе одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на јавни места на отворено и затворено. За време на престојот на јавни места мора да се држи растојание од 1,5 метар, односно минимум четири метри по лице.
Воведени се и построги мерки за маски. Обврската за носење маски во затворено, што претходно беше на сила во Белград, сега се проширува на цела Србија.
Маските се задолжителни и на отворено каде што не е можно да се обезбеди безбедно растојание од 1,5 метар. Кризниот штаб исто така препорачува и децата да носат маски.
Построгите мерки стапуваат на сила од петок.