Ди Каприо не излегува од автомобил за да не го забележат папараците

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо и неговата девојка Камила Мороне беа забележани во вторникот, во посета на продавница за ретки гитари во Тарзана, Калифорнија.

Ѕвездата на „Титаник“ (45) чекаше во автомобилот обидувајќи се да остане незабележан со бејзбол капа, додека неговата девојка, која наполни 23 години минатиот месец, со гитара во рацете претрча до продавница за ретки гитари во долината Сан Фернандо, северно од Лос Анџелес.

Камила беше на воланот на нивното „волво“, додека Ди Каприо ја задржа бејзбол капата California Republic повлечена над лицето.

Нивната врска станува сериозна во услови на самоизолација според магазинот „Пипл“, кој цитира инсајдер: „Лео обично е многу независен, поминува многу време со пријателите, но поради самоизолацијата, претежно минува време со Камила. Тој сака да биде со неа.“

Треба да знаете
Последни објави