На предвремените парламентарни избори до 17 часот во Охрид на гласање излегле 41,7 отсто од лицата со право на глас.
– Гласањето се одвива непречено и без проблеми, граѓните ги почитуваат мерките, истакна претседателот на ОИК, Климент Камнаровски.
Излезноста во Општина Дебрца до 17 часот изнесува 44,41 проценти.
За истиот временски период до 17 часот во Струга правото на глас го оствариле 30,06 отсто од гласачите.
Според информациите од ОИК на трите општини, гласањето се одвива непречено, без какви било направилности во фер и демократска атмосфера.