Според табелата на Европската иницијатива за стабилност, во последните две недели во Косово има нагло зголемување на бројот на заразени со коронавирус, пишува „Косово онлајн“.
Овие податоци се добиени од Европскиот центар за превенција и контрола на болестите.
Врз основа на податоците од последните две недели, Косово е прво во Европа во однос на просекот на нови случаи на инфекција со Ковид-19 на 100.000 жители, пренесува „Газета експрес“.
Според оваа пресметка, Косово има 124 новозаразени на 100.000 жители.
Црна Гора е на второто место со 123 нови случаи, а потоа следува Луксембург со 100 случаи.
Македонија го зазема четвртото место со 94 случаи, а потоа следува Шведска со 76.
Во целиот регион на Западен Балкан има по 73 нови случаи на коронавирус на 100.000 жители.
Како резултат на големиот пораст на бројот на заразени, Косово одлучи да воведе задолжително носење маска, а се разгледува и можноста за воведување вонредна состојба.
Воведено е ограничување на движењето од 21 часот до 5 часот наутро и посебен распоред за движење за лица над 65 години и хронично заболени. Исто така, заштитни мерки се воведени и во Србија поради зголемувањето на бројот на заразени во последните неколку недели