ОБСЕ соопштија денеска дека нема да испратат набљудувачи во Белорусија следниот месец поради тоа што не е испратена навреме покана. Тие додаваат дека се загрижени за извештаите за закани кон потенцијалните кандидати за претседател.
Гласањето на 9 август ќе биде првпат Организацијата за безбедност и соработка во Европа да „не набљудува избори на национално ниво во Белорусија од 2001 година”, рече Катја Андруш, портпаролка во ОБСЕ/ОДИХР.
– Ги известивме властите во Белорусија дека немањето навремена покана за набљудување на претседателските избори следниот месец не спречи да извршиме набљудување на тековниот изборен процес, изјави таа.
ОБСЕ во соопштение додава дека немање покана „повеќе од два месеци по објавувањето на изборите … рефлектира недостаток на посветеност за соработка со ОДИХР”.
Во него се додава дека постои „длабока загриженост од извештаите дека потенцијалните кандидати биле заплашувани, а опозициски активисти апсени”.