Поради невреме, делови од Москва и околината останаа без струја

Поради силното невреме што ја зафати Москва и околината во текот на околу ноќта околу 150 населени места останаа без електрична енергија.

– Поради неповолните временски услови, дојде до проблеми во снабдувањето со енергија во 147 населени места со вкупно население од 8.200 луѓе. Силниот ветер искорна 51 дрвја, оштети едно возило”, изјави извор за руската агенција ТАСС.

Аеродромите Домодедово, Жуковски и Шереметјево работат нормално и покрај лошите временски услови.

Московските служби за итни случаи предупредуваа на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Треба да знаете
Последни објави