Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер го сподели своето мислење за укинувањето на дисквалификацијата на Манчестер сити во евро-куповите.
– Не е моја работа да зборувам за Манчестер сити и одлуката да им се укине казната. Оставам на другите да разговараат што е правилно, а што не. Моја задача е да размислувам за следниот меч на мојот тим и да ја подготвам екипата. Што се однесува до финансискиот фер-плеј, тој е потребен за да се одржи финансиската одржливост на клубовите. Мислам дека ова е важно. Покрај тоа, фер-плејот ни покажува кои правила треба да се следат, истакна Солскјер.
Претходно, укинување на казната на Манчестер сити како срамна ја оцени тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо.