Како Влада покажавме дека навистина можеме и во вакви услови на пандемија, на сериозна здравствена криза, да се организираат фер, демократски, слободни избори и пред сѐ безбедни по здравјето и животот на граѓаните“, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски откако го оствари гласачкото право во Куманово.
Спасовски, кој е носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во втората изборна единица, рече дека било важно граѓаните да гласаат на овие избори за да се одлучи патот на државата.
„И во услови на оваа пандемија е многу важно денеска граѓаните да излезат масовно на избори и слободно да ја изразат својата волја – да видиме врз основа на одлуката каде ќе се движи државата во наредниот период. Ова е сериозен предизвик, заради тоа што во вакви сериозни времиња и одговорноста на секој еден граѓанин е навистина голема, со цел да воспоставиме институции коишто се ефикасни, институции коишто се со полн легитимитет и ќе можат да носат одлуки во наредниот период за зачувувањето на здравјето, да носат одлуки за подобрување на економската состојба во државата“, додаде Спасовски.