(Видео) „Луцифер“ се враќа, излезе официјалниот трејлер за петтата сезона

Петтата сезона на хит-серијата „Луцифер“ ќе почне да се прикажува на стриминг-платформата „Нетфликс“ на 21 август.

„Нетфликс“ реши да ја преземе серијата од „Фокс“ по масовната кампања на фановите за спас на нивната омилена серија со ѓаволот детектив Луцифер Морнингстар.

Реакцијата на четвртата сезона ги надмина очекувањата. Натприродниот Луцифер, ѓавол и детектив, го надмина Game of Thrones („Игра на тронови“) на ХБО, рушејќи го нивниот рекорд на гледаност.
„Луцифер“ со недели го држеше првото место на листата серии што биле одеднаш изгледани на популарната стриминг-платформа.

Треба да знаете
Последни објави