Од вкупно 45.989 гласачи регистрирани во избирачкиот список, до 17 часот во Општина Велес гласале 40,02 проценти на 84 избирачки места.
Според Општинската изборна комисија, на сите 84 гласачки места гласањето се одвива мирно во демократска атмосфера и без инциденти.
Во Општина Градско од вкупно 3.136 гласачи на 11 избирачки места до 17 часот на гласање излегле 1.437 или 46 отсто.
Како што информира за МИА Мери Седмакова, претседател на ОИК Градско, на сите избирачки места гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера и без инциденти.
-Во Општина Чашка од вкупно 6.101 гласач на 30 избирачки места до 17 часот гласале 45 проценти од гласачите, информира за МИА Марјан Јовановски претседател на ОИК Чашка.
Според него, во сите изборачки места во Општина Чашка изборите се одвиваат во фер и демократска атмосфера и без инциденти.
Воедно од сите ОИК Велес, Градско и Чашка ги повикуваат граѓаните кои се уште не гласале да го остварат своето граѓанско право на глас на избирачките места, што се отворени до вечерва до 21 часот.