Одѕивот на гласачите до 11:00 часот врз основа на податоците од Државната изборна комисија за 3.134 избирачки места од 3.480, во сите шест изборни единици, е 11 отсто. До 11:00 часот на гласање излегле 199 495 граѓани, соопшти на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Дерковски.
-На сите 3.480 избирачки места гласањето се одвива непречено. Досега не се пријавени никакви инциденти на глаачките места. Се надевам дека вака денот ќе продолжи до крај. Ги повикувам граѓаните да си го остварат своето гласачко право, а исто така ги предупредувам членовите и замениците членови на избирачките одбори да ги почитуваат нашите упатства, инструкции и процедури онака како што ги почитуваат досега, да продолжат до крајот на изборниот ден се со цел овој изборен ден да помине онака како што треба, истакна Деркоски.
Во ИЕ – 1 одѕивот до 11:00 часот бил 13,7 отсто, во Втората изборна единица 9,64 отсто, во ИЕ 3 одѕивот до 11:00 часот бил 13,08 отсто, во изборната единица четири одѕивот на гласачите бил 13,46 отсто, во Петата изборна единица одѕивот бил 10,55, и во Шестата изборна единица 6,04 отсто.
Деркоски соопшти излезност за некои од општините.
-Доста висока излезност има во општината Аеродром во Скопје во првата изборна единица, каде што гласале над 17,6 отсто. Исто така, има висока излезност и Карпош -17,7 отсто, Кисела Вода – 16,81. Од Втората изборна единица Бутел со 14, 76 отсто е повисока излезноста. Во третата изборна единица 19,03 има изленост во Градско, Крива Паланка скоро 17 отсто, Лозово – 17,03. Во Пробиштип има 20,69 проценти излезеност до 11 часот, што е навистина одлично, рече претседателот на ДИК.
Во ИЕ 4 висока излезност, како што соопшти, има во Дојран – 17,83 проценти.
-Во Демир Капија 20,77, а во Новаци 20,52 отсто, Прилеп 16,55 отсто до 11:00 часот. Во ИЕ 5 – Битола 16,91 отсто, Демир Хисар 21,33 отсто и Охрид 13,16 отсто, рече Деркоски.
Во Шестата изборна единица излесноста, како што кажа Деркоски, се движи од 6-7 отсто. Највисока излезност има во Тетово и тоа 8,13 отсто.
Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат еден милион 814 илјади и 613 гласачи во Шест изборни единици.