До 13 часот излезноста на предвремените парламентарни избори е 23,81 отсто од обработени 3.368 избирачки места на кои гласале 432.026 граѓани, соопшти Државната изборна комисија на попладневната прес-конференција.
Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани информира дека во Првата изборна единица излезноста е 27,09 отсто, во Втората изборна единица 21,64, во Третата 28,92, во Четврата 27,45, во Петтата 23,11 и во Шестата изборна единица 15,58 отсто.
Шабани истакна дека до ДИК до овој момент нема пристигнато никаков приговор или најава за нерегуларности.