Неготино е општината од Тиквешијата во која најголем дел од избирачите излегле да гласаат до 13 часот, односно 33,44 проценти од лицата со право на глас кои се појавиле на избирачките места.
Демир Капија бележи 31,54 отсто излезеност на предвремените парламентарни избори до 13 часот, а Кавадарци 31,9 проценти. Во Росоман, за овој пресек е евидентирано дека 23,36 отсто од избирачите, го оствариле своето право на глас.
Според претседателите на општинските изборни комисии од овие општини, засега гласањето тече без проблеми и со преземени мерки за превенција и заштита од коронавирус.