На 14.07.2020 во 15.45 часот било пријавено дека на патот Чашка – Велес, после железничкиот премин во нас.Превалец, патничко возило „рено клио“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(74) од Велес, излетало надвор од коловозот. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.