Главниот српски епидемиолог, Предраг Кон, изјави дека мора да се спречи вирусот и дека било полесно кога во сила биле вонредната состојба и рестриктивните мерки.
Тој во емисијата „Фокус“ на телевизијата „Б92“ нагласи дека луѓето мора да сфатат оти долга е борбата што ни претстои.
„Повторно во еден момент, кога се укина вонредната состојба, дојде до сфаќање дека сè е завршено, тоа е една голема грешка што ќе остане историски забележана“, заклучува Кон.
Тој ги наведе сите настани што биле организирани во меѓувреме и оцени дека нема никој што се прославил во сфаќањето на тие мерки.
„Се очекуваше дека топлото време ќе го намали тој пренос, кој стана експлозивен. Дојде до суперпренос на вирусот, таму каде што се скандира, гласно се извикува, каде што има препотување, испарување, таму постои аероген пренос“, објаснува Кон.
Што се однесува, пак, до преносот на коронавирусот преку воздухот, Кон вели дека ако сте на оддалеченост помала од еден метар и на отворен простор, не е возможно преку аероген и по пат на капки да се пренесе вирусот.
„Кога некој носи маска, а оној што е заразен не носи, јас сум заштитен само 30 отсто. Ако не ја носам маската, а заразениот ја носи, јас сум заштитен 95 отсто, а ако сите носиме маски, тогаш сме заштитени 99 отсто. Ние сега имаме толку многу застапен вирус, така што можеме да помислиме дека секој бил во контакт. Тој би требало да биде во самоизолација. Ако сите бидеме во самоизолација, тогаш е подобро да воведеме полициски час“, предлага Кон.
Тој повтори дека се воведени нови мерки за задолжително носење маска секаде во Србија.