Германската полиција пронајде 31 мигрант скриени во камион-ладилник со турски регистарски таблички во близина на границата со Чешката Република.
Камион што превезувал овошје бил запрен доцна синоќа на автопатот А 17 – од границата со Чешката Република до Дрезден, и при проверка чија цел е борба против прекуграничен криминал, откриено е дека во него се скриени 31 мигрант.
Сите мигранти се мажи, на возраст меѓу 18 и 47 години, од Турција, Сирија, Иран и Ирак. Приведен е 57-годишниот возач на камионот кој е со турска националност, јави ДПА