Ново признание за словенечкото дете чудо

Легендата на Бостон Селтикс, Пол Пирс очекува нешто огромно од словенечкиот феномен Лука Дончиќ во плеј-офот. Шампионот со „Келтите” е фан на 21-годишниот плејмејкер, кој во само својата втора година во Лигата е веќе водечко лице на Далас Маверикс.

– Очекувам посебни работи од него. Зборуваме за дете кое направи едно од најсериозните скокови во последно време – од „Дебитант на годината” до кандидат за МВП. Тој ја освои секоја европска награда што можете да ја замислите, секој МВП во Европа. Затоа очекувам специјални работи од ова дете. Јасно е дека тој е посебен талент и мислам дека тој е најталентираниот играч во НБА денес. И светлата никогаш не блескаат премногу за него, затоа очекувам огромни работи во плеј-офот, изјави Пирс.

Лука во просек имаше 28,7 поени, 9,3 скока и 8,7 асистенции во просек од 54 натпревари со Мавс до крајот на сезоната и е заслужен за успехот на тимот од Тексас во тековната кампања. Маверикс се седми на рангот на Западот со скор 40-27, но ќе имаат шанса да се искачат по преостанатите осум одиграни натпревари во „Дизни Светот”, бидејќи нивната разлика со Хјустон, Оклахома и Јута не е голема.

Треба да знаете
Последни објави