Полицијата во Сарпсборг, град во јужна Норвешка, доцна синоќа уапси маж откако на неколку локации во градот со нож биле избодени три жени, од кои едната се наоѓа во критична состојба.
Откако пристигнале првите пријави за нападот, во градот што се наоѓа на околу 70 километри јужно од Осло, била распоредена вооружена полиција, а од луѓето било побарано да останат во своите домови, пренесуваат британските медиуми.
Полицијата соопшти дека нема индикации дека повеќе луѓе биле вклучени во нападот, додавајќи дека до овој момент мотивот за нападот е непознат.