Премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, денеска беше хоспитализиран во Сараево кога пред два дена стана извесно дека е заболен со коронавирус.
„Спроведена е дијагностика, терапијата е во тек“, рече неговиот советник Зоран Благојевиќ.
Новалиќ денеска почувствувал покачена температура и општа слабост.
Премиерот ги добил првите симптоми на вирусот за време на неодамнешниот мировен марш по повод одбележувањето на 25-годишнината од масакрот во Сребреница.