Таравари: Во предност сме, очекуваме победа

Арбен Таравари од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива вечерва на прес-конференција во Скопје рече дека овие изборите се едни од најнекоректните што се одржани во државата. Според него коалиција „Сега е време”, билa под притисок од три страни, кој војувале против нив и многу пати соработувале за да ги оштета.

– Без ниту еден член во Изборните Комиси, без влијание во полицијата, ние сме најоштетената страна во овој изборен процес. За сега ќе ги набројам само некои од инцидентите за да имате слика за каков изборен процес се работи. Неправилности се регистрирани во село Лојане, потоа бугарски воз е регистрирано во село Романовце и Куманово. Исто така неправилности имаше и во Општина Сарај, во селата Бојане, Раовиќ, Паничари и Глумово, рече Таравари.

Воедно тој кажа од информациите, што ги имаат од нивните штабови, дека имаат предност и очекуваат победа.

Тој очекува лидерите на партиите да излезат за кратко и да ги кажат конечните резултати.

Треба да знаете
Последни објави