Роберт Ирвин, син на починатиот ловец на крокодили Стив Ирвин, сè повеќе личи на својот татко. И него го интересираат диви животни, па решил да направи документарен филм за нив.
Роберт неодамна сподели видео на својот инстаграм-профил, на кое се гледа како си игра со дијамантски питон додека го снима документарецот пред да го врати во дивината. Сепак, змијата не сакала да си игра, па го каснала на лицето.
„Откако го спасивме, овој дијамантски питон нè потсети на слична ситуација што се случи пред неколку децении во една епизода на документарната серија на ловецот на крокодили. Можеби тие, всушност, така велат ’благодарам’“, напиша Роберт во објавата.
Покрај ова видео, тој сподели и фотографија во која ги споредува своите рани на лицето со оние на Стив.