Во текот на денов ќе функционираат дежурните ординации во скопските поликлиники

Во текот на денов, кој е прогласен за неработен, согласно вообичаениот распоред за работа за недела и за празници, ќе функционираат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар, информираат од Здравствен дом-Скопје.

Како што соопшти Министерството за здравство, службата за Итна медицинска помош со домашно лекување ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, а со вообичаено работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.

Треба да знаете
Последни објави