Двајца италијански планинари загинаа денеска на Монблан, а се претпоставува дека се изгубиле поради лошото време пред да паднат од сртот Кафнер.
Се смета дека планинарите, на возраст од 56 и 57 години, паднале од висина од околу 200 метри на француската страна на највисокиот европски врв, пренесе Анса.
Карабињерите кои ги пронашле навеле дека планинарите биле цврсто поврзани, поради штои мислат дека паднал едниот и го повлекол со себе и другиот планинар.
Во меѓувреме, италијанската полиција пронашла планинарка на возраст од 54 години во ров во градот Белуњи, откако било пријавено нејзино исчезнување.