Изјава по гласње на носителот на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме” во ИЕ 1, Никола Димитров
Денеска, носителот на листа во ИЕ1 од коалицијата „Можеме” предводена од СДСМ, Никола Димитров го исполни своето демократско право и гласаше на изборното место бр. 2855 „Дом на градежните” – Скопје, по што следеше изјава за медиуми. Во продолжение, интегралната изјава:
„Силно светнал 15 јули, празникот на македонската демократија. По почетната излезност, ценам дека, македонските граѓани масовно излегуваат да го визираат нашиот европски пат. Денес граѓаните се тие што одлучуваат, тие одлучуваат да одиме напред. Да живеееме во слободна, европска, демократска, праведна и правна држава, да имаме економски раст и да одиме напред!”