Калеска Ванчева: Првичните резултати апсолутно укажуваат на победа на коалицијата „Можеме“

Првичните резулатит од нашата аналитика, апсолутно укажуваат на победа на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, но сепак за точни бројки треба да почекаме, истакна Снежана Калеска Ванчева од СДСМ на ТВ24, во отворената програма, непосредно по завршување на парламентарните избори.

Калеска Ванчева нагласи дека ова се навистина специфични избори и дека големата излезеност покажа дека народот е свесен за предивзиците со кои се соочуваме.

Победата ја однесе нашиот народ, со масовната излезеност, на избори како што доликува, рече Калеска Ванчева, додавајќи дека излезеноста над 50% дава легитимитет на институциите.

Таа изрази убедување дека овие избори ќе бидат оценети како демократски избори, спороведени според законот.

Тешко дека ќе има избори без било каков обид за прекршување, но генералната оценка покажа дека можеме, дека имаме капацитет да бидеме држава, во која демократските вредности можат да се почитуваат, а најголем придонес за одржување на демократски избори има оној што ги организира, истакна Калеска Ванчева.

Треба да знаете
Последни објави