Мицкоски: Денеска е денот кога народот гласно ќе зборува, кога обновата победува

Интегрален текст од изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

 

Денес е денот кога народот гласно  ќе зборува. Денес е денот кога обновата победува. Народот масовно излегува на избирачките места и од она кое што можеме да го забележиме, она кое што се коментира помеѓу граѓаните, е дека истиот е подготвен за една голема промена која што ќе се случи токму денеска на 15-ти јули.

Истовремено сакам да истакнам дека сето она кое што се случуваше изминатите денови, бројните нерегуларности ќе остават сериозна трага која што практично ќе биде еден вид флека на овој изборен процес. Но, треба истите тие да знаат дека тоа е последниот крик на ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев кое што е во заминување.

Она што сакам да им порачам на граѓаните, тие ќе сакаат помала излезеност, ние сакаме поголема излезност, оваква каква што е сега практично од раните утрински часови и очекувам дека до крајот на денот оние очајни обиди да се изигра волјата на граѓаните, ќе бидат практично оневозможени. А, сакам да ја искористам оваа прилика и да упатам апел до секој оној кој што има било каква дилема да му слугува на Зоран Заев и на ова раководство на СДСМ во нерегуларностите дека ќе сноси кривична одговорност и за тоа од утре посебно ќе се внимава како измина денот, но и какви беа изминатите денови.

Така што мојата порака е вразумете, граѓаните слободно по своја волја да го изразат своето мислење, да го дадат својот глас затоа што нема веќе повеќе време за импровизации.

Она што е важно е тоа дека победува промената и граѓаните масовно одлучуваат да гласаат за промена.

 

Треба да знаете
Последни објави