Шпанија денеска има нови потврдени дури 875 случаи на коронавирус. Ова е најголем дневен пораст од 22 мај. Во северноисточните покраини Арагон и во Каталонија има најмногу новозаразени.
Министерот за здравство Салвадор Иља изјави дека во земјата се идентификувани 171 жаришта, од кои 120 се активни. Од почетокот на епидемијата во земјата се забележани 304.574 случаи на коронавирус, а починаа 28.413 луѓе.