„Дуна“ го добила сајтот на ДИК, иако не исполнувала три минимални услови

Компјутерската фирма „Дуна“ која што го доби поништениот тендер за набавка на софтвер за веб сајтот на Државната изборна комисија не потпишала Изјава за сериозност, ниту пак ги исполнила трите минимални услови, според жалбата што ја прифати Државната комисија за жалби по јавни набавки, oбјави „САКАМДАКАЖАМ“.

Во прифатената жалба се наведува дека фирмата „Дуна“ не исполнувала ниту еден од трите минимални услови и требало да биде исклучен во постапката за јавна набавка. Трите услови се:

– Економскиот оператор треба да има најмалку 3 референци од успешни имплементации на софтверски проекти со сличен предмет, обем и функционалности како предметот на оваа јавна набавка

– Економскиот оператор треба да има најмалку 1  референца од успешни имплементации на софтверски проекти преку мобилен уред и приказ на внесените податоци преку динамичка јавна веб страна со најмалку 50.000,00 прегледи на страни во период од еден час

– Економскиот оператор треба да има вработено или ангажирано проектен тим со проектен менаџер, софтверски архитект и главен развивач на софтвер со искуство од најмалку 2 успешни имплементации на софтверски проекти.

Државната изборна комисија објави оглас за јавната набавка на 12 февруари 2020, а до крајниот рок на 16 март 2020 понуди доставиле фирмите „Дуна“ и „Ај Воут“, која го правела софтверот за сите претходни избори од 2006 до 2019. Комисијата за јавни набавки во ДИК на 24 април предложила на тендерот да биде избрана „Дуна“ и предлогот бил прифатен од одговорното лице во ДИК. Незадоволни од одлуката, „АјВоут“ истиот ден поднеле жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки, која што  жалбата ја оцени како основана и го поништи тендерот.

Треба да знаете
Последни објави