Грција не ги крева граничните рампи за македонските државјани до 31 јули

До крајот на месецов остануваат спуштени граничните рампи за македонските државјани кај соседите Бугарија и Грција. Државите членки на Европската унија од нашето соседство ја продолжија забрната поради статистичките бројки од пандемијата со короанвирусот кои ги има во Македонија.

Оваа забрана јужниот осед ја објави во грчкиот службен весник, со што и официјално стапи на сила продолжението на ограничувањето на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Македонија.

-Ограничувањата се „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија за временскиот период од 16 јули 2020 година до 31 јули 2020 година, се наведува во одлуката.

Оваа забрана има исклучоци, па не се однесува на оние луѓе кои имаат дозвола за престој или живеат во Грција. Доколку станува збор за транспорт на стоки, ќе може да се влезе на грчка територија, а границата ќе ја минат и луѓе од Македонија поради неопходни професионални причини. На граничниот премин ќе се пропуштаат и болнички возила кои од Косово преку Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти, а припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово.

За истиот период, односно до 31 јули, важи и привремената забрана за влез во Бугарија за сите лица од Македонија, без оглед на нивното државјанство.

 

 

Треба да знаете
Последни објави