Италија ги блокира и Србија, Црна Гора и Косово, по забраната за влез на граѓани на 13 земји, меѓу кои беа и Северна Македониај и БиХ, пренесе АНСА.
„Потпишав нов правилник со кој Србија, Црна Гора и Косово се додаваат на листата ризични земји“, објави министерот за здравство Роберто Сперанца на „Фејсбук“.
„Тие кои биле на територијава изминатите 14 дена имаат забрана за влез и транзит преку Италија“, додал Сперенца.
Тој предупредува дека епидемијата на коронавирусот е во најтешката фаза во целиот свет.
„Потребна ни е максимална претпазливост за да го одбраниме напредокот што го постигнавме досега“, порача Сперенца.