Падна извиднички авион во Турција загинаа седум лица

Седум припадници на турските безбедносни сили загинале при пад на извиднички авион во провинцијата Ван на истокот на Турција, изјавил министерот за одбрана Сулејман Солју.

Според неговите зборови авионот удрил во планина на висина од 670 метри. Меѓу загинатите според турските медиуми се и двајцата пилоти. Во тек е истрага за причините на несреќата.

Според турскиот министер за одбрана последниот контакт со авионот бил во 22 -45 часот по што 13 минути подоцна леталото исчезнало од радарот.

Треба да знаете
Последни објави