Порто ја слави шампионската титула на две кола пред крајот на првенството

Со победата во дербито против Спортинг Лисабон (2:0), Порто и теоретски на две кола пред крајот ја обезбеди титулата во португалската фудбалска Примеира. За Порто ова е 29. шампионска титула во клупската историја. Бенфика се уште е најтрофејниот клуб во Португалија, има освоено осум трофеи повеќе од Порто.

Порто на „Драгао“ го победија клубот од Лисабон со головите што ги постигна во второто полувреме. Переира погоди во 64, а Марега ја потврди победата во 91 минута. Спортинг постигнаа гол преку Шпорар во првото полувреме кој беше поништен.

Порто е првопласиран со 79 бода, осум повеќе од Бенфика, додека Спортинг останаа на третата позиција со 59.

 

 

Треба да знаете
Последни објави