Џафери: Прво ќе се тестирам за корона па ќе закажам седница, да се тестираат сите пратеници

Експретседателот на Собранието Талат Џафери денеска ќе се тестира за коронавирус и до крајот на уставниот рок, кој е на 4 август, најави дека ќе ја свика конститутивната седница за новиот парламентарен состав. Тој за Плусинфо вели дека ќе предложи сите пратеници кои вчера на парламентарните избори освоиле мандат да се тестираат на коронавирус за здрави да влезат во Собранието.

Експретседателот на Собранието, според Уставот има 20 дена рок да ја закаже конститутивната седница. Доколку во тој рок не ја закаже седницата, тоа според Уставот, има право да го стори највозрасниот пратеник од новиот парламентарен состав.

Треба да знаете
Последни објави