Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на Фејсбук објави дека телефонски се слушнал со лидери на партиите на Албанците во обид да обезбеди поддршка за нивниот предлог Насер Зибери да биде мандатарот на новата влада.
Ахмети разговарал со претседателот на ДПА, Мендух Тачи и со претседателот на Беса, Билал Касами. Тој најави разговори и со претседателите на другите албански партии Африм Гаши, Зијадин Села и Весел Мемеди.
-Заеднички ќе го процениме резултатот од изборите и ќе размениме мислења, напиша Ахмети, кој порача „Заедно сме посилни“.
https://www.facebook.com/AliAhmetiOfficial/posts/3105178099518703