Почитувани претставници на ОБСЕ и ОДИХР
Канал 5 го прочита вашиот последен извештај поврзан со изборите на 15 Јули и со жалење констатиравме дека сте направиле груба грепка , кога на некоректен начин, без да не контактирате и да направите двојна проверка, сте донеле заклучок дека во ТРЕТАТА НЕДЕЛА ( од 6-12 Јули ) од кампањата , Канал 5 „фаворизирал” една партија односно СДСМ.
Тој неточен ваш податок не предизвика да го провериме уште еднаш делот на вестите во појасот кој бил надгледуван од ваша страна ( од 18.00 до 00.00 часот ), а тоа се централните вести кво 18.00 часот и вестите во 21.00 часот.
За да ја увериме јавноста и вас дека сте направиле груба грешка , еве ги доставуваме точните секундажи за двата информативни појаси и вкупното време
Во период од 6-12 ЈУЛИ 2020 год., во вестите во 18 час сме емитувале прилози, директни обраќања или информации поврзани со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со следните секундажи
СДСМ: 597 сек.
ВМРО-ДПМНЕ: 576 сек.
А во истиот период , во вестите кои се емитуваат во 21.00 часот распоредот на одвоеното време за двете најголеми македонски партии бил
СДСМ: 588 сек.
ВМР0-ДПМНЕ: 586 сек.
Со напомена дела во вестите во 21.00 во среда на 8 Јули имавме мини интервју од 8 мин со Министерот за Здравство, г-дин Венко Филипче за актуелното покачување на бројот на заболени и новите препораки, што претставува пред се наша обврска како медиум да ја известиме јавноста за случувањата околу пандемијата, без при тоа да алудираме на претстојните избори, што впрочем и според нашиот Закон за АВМУ се смета за владина активност
Значи, во период од 6-12 Јули 2012 год., Канал5 ТВ во своите два информативни појаси – Вести, во 18 и 21 часот одвоила вкупно :
За коалицијата на СДСМ ————-1185 секунди
за коалицијата на ВМРО –ДПМНЕ 1162 секунди,
односно сме им „подариле” на СДСМ „фантастични” 23 секунди( и со букви – дваесет и три ) секунди од вкупно 2347 емитувани секунди за двете партии, што за ОБСЕ и ОДИХР е „доказ” дека сме биле НЕБАЛАНСИРАНИ???!!
Затоа, бараме ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ од ОБСЕ и ОДИХР и КОРЕГИРАЊЕ на извештајот до Понеделник 20 Јули 2020, год.,затоа што 23 секунди НИКАКО не можат да бидат ЗГОЛЕМУВАЊЕ односно НЕИЗБАЛАНСИРАНОСТ споредувајќи со вкупната емитувана секундажа.
Во спротивно ќе ги запознаеме сите странски претставници во земјава за нивната некоректност и директно неточно обвинување, како и разгледување на можноста за употреба на одредени правни средства за заштита на нашиот углед и чест.
Иван С. Мирчески, Канал 5 телевизија