Куба го укина данокот на доларот поради коронавирусот

Куба објави дека ќе го укине данокот од 10 проценти на официјалниот курс на доларот за да ги ублажи ефектите од пандемијата на коронавирус и да ја надомести загубата на приходите од туризмот.

Данокот е воведен во 2004 година, а поттикна создавање паралелен црн пазар за американската валута.

Владата сега има намера да ја укине за да привлече повеќе девизи во земјата. Тие признаваат дека одлуката била поттикната од пандемијата „ковид-19“ и загубата на приходите од туризмот. Сепак, властите потенцираат дека немаат планови за „доларизација“ на земјата.

„ Оваа мерка ќе им користи на сите Кубанци, дома и во странство“, објави министерот за економија, Алехандро Гил.

Од понеделник, 72 од 4.800 продавници под контрола на државата, исто така, ќе прифатат плаќања во долари за храна и хигиена, иако не во готовина, туку со картички поврзани со сметки на долари.

Веќе минатата година, владата одобри плаќања во долари за апарати за домаќинство и автомобили во одредени продавници со цел да се задуши црниот пазар на долари.

Треба да знаете
Последни објави