Во последните 24 часа се направени 1.612 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-59, Куманово-12, Дебар-18, Штип- 17, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-6, Битола-1, Кавадарци-2, Гостивар-9, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Свети Николе-23, Кичево-6, Ресен-1. Починати се пет пациенти, тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен. Во ГОБ „8 септември” починаа двајца пациенти на возраст од 35 и 65 години. Во Клиничката болница во Битола почина пациент од Ресен на возраст од 70 години. Во Клиничката болница во Тетово е починат пациент на 51 година. Вон болнички услови е починат пациент на 77 години.
Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени лица од: Скопје-42, Штип-7, Тетово-1, Струга-4, Велес-1, Охрид-6, Кавадарци-3, Свети Николе-2, Ресен-7, Неготино-1, соопшти Министерството за здравство.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.786, бројката на оздравени пациенти е 4.676, на починати е 406, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.704. Денес се евидентира еден контролен тест и една исправка кај оздарвени лица од вчерашните. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4141, активни 1837
• Куманово 894, активни 226
• Дебар 172, активни 110
• Штип 510, активни 213
• Прилеп 306, активни 57
• Тетово 906, активни 295
• Струга 348, активни 169
• Велес 205, активни 30
• Битола 85, активни 41
• Охрид 229, активни 114
• Кавадарци 28, активни 17
• Гостивар 272, активни 177
• Гевгелија 13, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
• Струмица 24, активни 16
• Крива Паланка 19, активни 8
• Радовиш 15, активни 11
• Крушево 12, активни 7
• Кочани 80, активни 12
• Пробиштип 41, активни 26
• Демир Хисар 12, активни 11
• Македонски Брод 9, активни 5
• Пехчево 6, активни 1
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6,
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1,
• Кратово 9, активни 5
• Свети Николе 179, активни 164
• Кичево 94, активни 79
• Ресен 140, активни 66
• Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.612 теста се преку: ИЈЗ-452, ЦЈЗ Скопје-16, Авицена-238, Биотек-143, МАНУ -155, Клиника „Жан Митрев” –243, Систина со PCR метода -169, Судска медицина -35, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника -106. Досега во земјата се направени вкупно 83.216 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, осум деца позитивни и едно суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември” примени се 10 пациенти, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се шест пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 284
• Аеродром – 171
• Бутел – 139
• Гази Баба – 202
• Центар – 151
• Карпош – 146
• Сарај – 116
• Кисела Вода – 123
• Ѓорче Петров – 113
• Студеничани – 109
• Шуто Оризари – 97
• Арачиново – 32
• Илинден – 21
• Петровец – 20
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 13
• Зелениково- 12
• Странец – 7
• Нераспределен- 69.