– Под влијание на атмосферски фронт утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. информираат од Управа за хидрометеоролошки работи.
– На поедини места од државата локално се најавуваат поинтензивни поројни врнежи од дожд, при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, наведуваат од Управата.
Оттаму уште додават дека доколку на одредени места врнежите бидат поинтензивни и паднат за кратко време и ако бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер можна е појава на слевање на вода во градските урбани средини поради неможноста за одведување на водата.
Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава.