Првите доброволци се чувствуваат добро по руската вакцина, пуштени од болница

Новата вакцина против коронавирусот во Русија беше тестирана на првите 18 доброволци, кои се пуштени од болница затоа што се чувствуваат добро, објави „Спутник“.

Со позитивни резултати и имунитет на коронавирусот, учесниците на тестот се испратени дома од воената болница „Бурденко“.

Првата група на доброволци се состоеше од две подгрупи: првата подгрупа ја прими првата компонента, а втората подгрупа втората компонента на вакцината, и денес, конечно, 28 дена по вакцинацијата, тие се пуштени од болницата, пренесува „Спутник“.

Треба да знаете
Последни објави