Во последните 24 часа во САД се потврдени нови 74.500 случаи на коронавирус, што претставува најголемо дневно зголемување од почетокот на пандемијата.
Според универзитетот „Џон Хопкинс”, вкупниот број на пациенти сега е зголемен на повеќе од 3.570.000, пренесува Би-Би-Си.
Како што се наведува, зголемување на бројот на нови случаи е забележано во 30 американски сојузни држави.
Во последните 24 часа од вирусот починаа околу 1.000 луѓе или досега вкупно над 138.000.