Со специјален протокол за заштита од КОВИД-19, продолжува инфо караванот за Мерка 1 на ИПАРД низ земјата

Kампањата за информирање и едукација за ИПАРД 2014–2020 по направената пауза поради КОВИД-19 вирусот, наредната недела ќе продолжи со своите активности во неколку општини низ земјата. Инфо средбите ќе бидат во насока на информирање на сите заинтересирани лица за Мерка 1, Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2014-12020. Според прописите корисници на Мерка 1 може да биде Земјоделско стопанство, физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство), индивидуален земјоделец – ИЗ, правно лице и задруги, кои што имаат производни капацитети од растително или сточарско производство.

ИПАРД караванот во понеделник, 20.07, ќе ги посети општините Боговиње, од 10:00 часот и Врапчиште од 14:00 часот, во кругот на општинските училишта.

Во вторник, ИПАРД караванот ќе ги посети општините Демир Капија, во ОУ „Димче Ангелов –Габерот“ од 11:00 часот и Валандово, во кругот на Гимназијата СОУ „Гоце Делчев“, до 15:00 часот.

Општините Вранешница и Пласница ќе бидат домаќини на инфо караванот на ИПАРД во среда, 22.07. Средбата во општина Вранешница ќе започне од 11:00 часот во ОУ „Јунус Емре“, а во општина Пласница ќе започне од 15:00 часот во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“.

Четврток, 23.07, е резервиран за општините Другово, од 11:00 часот во ОУ „Христо Узунов“, и во Демир Хисар, каде што инфо средбата ќе се одржи од 15:00 часот во ОУ „Гоце Делчев“.

Во петок, ИПАРД караванот ќе ги посети општините Неготино од 10:00 часот и општина Кавадарци од 14:00 часот.

По новиот протокол, инфо средбите ќе се реализираат на отворен простор, а на влезот на секоја локација ќе бидат поставени 2 пулта, од кој што на Пулт 1 ќе се мери телесната температура на секој посетител, ќе се дезинфицираат рацете и ќе му се даде заштитна маска, доколку не носи со себе. На Пулт 2 ќе се прави евиденција за присутност, ќе се дава рекламен материјал и освежителен пијалак, вода или сок.

Мерката 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ е финансиска поддршка составена од средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и  средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија и финансиски средства по поединечно барање кои што се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка 1. Процентот се зголемува до 65% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.

Крајниот рок за поднесување на барањата за Мерка 1 е 03 август 2020 година.

– За дополнителни информации и детали за инфо деновите за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и тоа: http://ipard.gov.mk/ , http://mzsv.gov.mk/ , http://ipardpa.gov.mk/ , http://agencija.gov.mk/ или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 И 047/228-370.

Треба да знаете
Последни објави