Хамилтон и Ботас недостижни по првата тренинг сесија во Унгарија

Возачите на Мерцедес продолжуваат да наметнуваат недостижно темпо од почетокот на сезоната 2020 за сите свои ривали во Формула 1. По денешната прва слободна тренинг сесија за Гран при на Унгарија, најбрз беше Луис Хамилтон, а неговиот тимски колега Валтери Ботас забележа втор резултат.

Серхио Перез забележа трето време, со што продолжува со неговиот многу силен настап и оној на неговиот тим Рејсинг Поинт. „Розевите мерцедеси”, како што веќе се познати автомобилите на тимот, ги зазеде местата зад поновите верзии на „црните стрели” како што се очекуваше. Перез беше за половина секунда побавен од лидерот Хамилтон.

Неговиот тимски колега Ленс Строл се најде на четвртото место. Сепак, синот на канадскиот милијардер Лоренс Строл беше за половина секунда побавен од неговиот мексикански колега.

Возачот на Рено, Даниел Рикардо, денеска оствари ветувачки тренинг и со својот петти резултат му дава надеж на францускиот тим за нешто повеќе на неделната трка во близина на Будимпешта.

Тимот на Ферари е повторно зад лидерите, а нивното заостанување за повеќе од една секунда зад Мерцедес се чини несовладливо. Во првата тренинг сесија, Себастијан Фетел беше побрзиот возач на Скудерија со шесто време, Седми, на две десетини од четирикратниот светски шампион, беше неговиот колега Шарл Леклер.

Треба да знаете
Последни објави