Федерацијата БиХ повторно прогласи епидемија поради коронавирусот. Оваа одлука била објавена денеска во Службениот весник на федерацијата, пренесуваат регионалните медиуми.
Информација за „Аваз“ ја потврдил и Вјекослав Мандиќ, министер за здравство на федерацијата.
Тој објаснил дека кантоните имале можност сами да прогласат епидемија, но не го сториле тоа.
Како што се наведува, издадена е наредба да се прогласи епидемија на заразна болест за загрозените области во федерацијата.
Во наредбата се наведува дека за време на епидемијата на коронавирус, се преземаат мерки предвидени со Законот за заштита на населението од заразни болести, во кој, меѓу другото, се предвидува и вршење на санитарен надзор на граничните премини на територијата на федерацијата.