Без вода денеска од 10 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улицата „Горно Лисиче” во Општина Аеродром. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок на улицата „Горно Лисиче” 190 и дефект во шахта на улицата „Горно Лисиче” без број ( Кен Панел).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со активностите.