Хоакин Олона, министер за земјоделство за северо-источниот регион Арагон, рече дека треба да се убијат 92.700 куни, кои инаку имаат цена поради своето крзно.
Но, министерот Олона вели дека не е целосно јасно дали е можно „пренесување на вирусот од луѓе на животни и обратно”.
Десетици илјади куни се убиени во Холандија од почетокот на пандемијата по откривањето на заразата во 20 фарми, соопштија тамошните власти на почетокот на јули.
Како што пренесува „Гардијан”, на овој потег се одлучиле по откривањето на заразата кај двајца работници во мај, најверојатно од куна, додека Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека може да биде првиот познат случај на пренесување на вирусот од животно на човек.
Во Шпанија, фармата за куни, на околу 100 километри северо-западно од брегот на Валенсија, внимателно се набљудува од 22 мај, откако седум работници се заразиле со коронавирусот,
Властите додаваат дека тестирањето спроведено на 13 јули покажало дека се заразени 87 проценти од куните, поради што е донесена одлука да се убијат за да се „избегне натамошен ризик од пренесување на вирусот на луѓето”.
Шпанија е една од најтешко погодените земји во Европа со коронавирус. Досега, повеќе од 28.400 луѓе починале како последица на Ковид-19.