Извршниот директор на Светската здравствена организација за итни програми, Мајкл Рајан, изјави дека не е реално да се очекува дека голем тим ќе замине во Кина овој месец за да истражи животинско потекло на коронавирусот.
Минатата недела двајца членови на СЗО заминаа во Пекинг како дел од тим за да испланираат дополнителни студии за тоа како избувна пандемијата.
Експертите веруваат дека вирусот најверојатно се шири од животни на луѓето, а целта на таа истрага е да се спречат идни пандемии.
Рајан рече дека СЗО се обиде да состави поголем тим кој ќе ја посети Кина, но дека се сомнева дека тоа ќе се случи наскоро. Двајца експерти на СЗО се во карантин во Пекинг.
СЗО наведува дека нема планови за нив да го посетат Вухан, каде за првпат е откриена пандемијата на крајот на минатата година.