Извори од ВМРО-ДПМНЕ брифираат за фронтлајн.мк дека првиот човек на партијата, ноќва подготвува „мал театар“ со поднесување оставка од функцијата, но подготвил и терен, по понудената оставка, партиските органи „да го молат“ да не ја поднесе оставката. Онака „спонтано“.
Ова ќе биде последен обид на Мицкоски да се спаси од притисокот што врз него го вршат Николоски, Димовски, Јанчев, Ѓорчев и други партиски ветерани.
Во овој очајнички обид да го спаси својот престол, шпиц-кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ најмногу се надева на поддршката од својот верен Јанушев и помошта од Камчев.
Извор: фронтлајн.мк